Откриено колку вреди златниот рекет на Рафа

Откриено колку вреди златниот рекет на Рафа

пред 13 часа

Рафаел Надал неодамна играше на егзибискиот турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Шпанецот, кој во ноември треба и официјално да замине во пензија, во Ријад одигра меч за третото место со вечниот ривал Новак Ѓоковиќ од кого загуби со 6:2, 7:6 (5).

Покрај чекот од 1,5 милиони долари за учество на турнирот кој го освои Јаник Синер, Надал од домаќинот доби специјален подарок, позлатен рекет.

Рекетот му беше врачен на Надал по средбата со Ѓоковиќ.

Како што пренесува „Марка“, рекетот што му го врачи промоторот на турнирот Турки Ал Шеик е вреден 250.000 евра и тежи три килограми.

Учеството на Надал беше од особено значење за Саудиска Арабија, бидејќи тој од минатата година е амбасадор на тениската федерација на оваа земја.

Нивната намера е да инвестираат уште повеќе во спортот во наредните години и да привлечат што е можно повеќе светски спортски ѕвезди во земјава.

Share
Scroll to Top