Холандскиот напаѓач Лук де Јонг, кого многумина го сметаа како главен симбол на „пропаста“ на Барса последните сезони, несомнено беше најдобриот играч за тимот на Чави Ернандез, кој „осакатен“ од коронавирусот стигна до 1:0 победа на гости кај Мајорка.
Де Јонг, кој е на „Ноу Камп“ на позајмица од Севилја, го постигна единствениот гол на мечот во финишот на првото полувреме, а претходно го имаше и најдобриот обид на натпреварот, кога со „ножички“ ја затресе пречката на домаќините.
Luuk de Jong almost scored this ? pic.twitter.com/LvTY3vDQ0i
— Barça Spaces (@BarcaSpaces) January 2, 2022
Трите поени ја креваат Барса на петтото место на табелата со 31 поен, само еден зад четвртопласираниот шампион, Атлетико Мадрид, но огромни 15 зад лидерот Реал Мадрид. Мајорка се на 15. место со 20 освоени поени.