Она за што се шпекулираше изминатите недели, во четвртокот доби официјална потврда, Франко Морбидели ќе вози за Јамаха, додека Андреа Довициозо ќе ги брани боите на сателистски тим, Петронас Јамаха.
За новите тимови, двајцата возачи ќе дебитираат викендов, на трката за Големата награда на Сан Марино и Римини.
Морбидели ќе вози за Јамаха до 2023 година, додека Довициозо се договорил со Петронас да вози до крајот на наредната сезона.
Морбидели, повторно ќе биде колега со Фабио Квартараро, додека Довициозо се враќа во Мото ГП шампионатот по пауза од 10 месеци. Во изминатиов период тој беше тест возач на Априлија. Довициозо во кариерата победил на 24 трки.