Официјално: Одегар во Арсенал до крајот на сезоната

Официјално: Одегар во Арсенал до крајот на сезоната

пред 3 години

Мартин Одегар до крајот на сезоната, како позајмен играч од Реал Мадрид, ќе го носи дресот на Арсенал. Норвежанецот во Арсенал ќе на грбот ќе го носи бројот 11. Клубот не соопшти дали по завршувањето на сезоната ќе има можност да го откупи договорот на Одегар.

Мартин Одегар, како голем талент, во 2015 година пристигна во младинските категории на Реал. Потоа како позајмен играл во Херенвен, Витесе и Реал Сосиедад.

Минатата сезона во Сан Себастијан ја одигра на високо ниво, поради што Зинедин Зидан реши да го врати во Мадрид. Сепак оваа сезона не успеа да му се наметне на тренерот, од декември тој за Реал одигра само пет минути.

Во дресот на новиот тим норвешкиот фудбалер би можел да дебитира викендов, кога Арсенал ќе го пречека Манчестер јунајтед.

 

Share
Scroll to Top