Охрид од Целје се враќа со гол негатива

Охрид од Целје се враќа со гол негатива

пред 2 часа

Ракометарите на ГРК Охрид со негатива еден гол ќе влезат во полуфиналниот реванш, во Европскиот ЕХФ куп. Вечерва во Целје, ГРК Охрид загуби со 27:26.

Вистински ролекостер одиграа охриѓани во Целје. Одлично влегоа во натпреварот, не му дозволија на противникот да постигне гол во првите 10 минути и остварија предност од 5:0.

Домаќинот полека го фаќаше ритамот, ја топеше предноста на противникот, а потоа ја искористи ужасната игра на Охрид во нападот, 13 минути без постигнат гол. На полувреме Цлеје водеше 15:11.

Ништо подобро играчите на Охрид не делуваа ниту во првата половина од вториот дел. Особено лошо играа во одбраната. Целје го исорисит тоа и дојде до максималната предност од седум гола (22:15).

Дури тогаш следуваше адекватна реакција на момците во сини дресови. Одговорија со серија 6:1, се приближија и на гол негатива,а во финишот Пилипоиќ со две одбрани и Ѓукиќ со гол на пет секунди до крајот го поставија конечниот резултат.

Пилиповиќ со 10 одбрани, односно Ѓукиќ со пет и Стрмљан и Иванковиќ со по четири гола, о предводеа ГРК Охрид.

Рваншот во „Билјанини извори“ во Охрид се игра на 2 мај.

Foto/ ohridnews.com

Share
Scroll to Top