Падна светски рекорд – најмногу асови на одбојкарски меч

Падна светски рекорд – најмногу асови на одбојкарски меч

пред 3 години

Репрезентативецот на одбојкарската селекција на Полска, Вилфредо Леон кој има потекло од Куба постави светски рекорд со 13 асови на еден натпревар.

Леон на денешната победа на Полска против Србија во рамки на Лигата на нации која заврши со 3-1 (26:24, 25:19, 21:25, 25:15) отсервира 13 асови, а еден од нив одеше со брзина од дури 135,6 km/h.

Токму Леон беше најефикасниот на мечот со 26 поени.

Share
Scroll to Top