Пак Реал крив? Флорентино Перез го натерал Лапорта да се откаже од Меси?

Пак Реал крив? Флорентино Перез го натерал Лапорта да се откаже од Меси?

пред 3 години

Жауме Љопис, поранешниот член на комисијата на Барселона кој си даде оставка по заминувањето на Лионел Меси, тврди дека претседателот на клубот Жоан Лапорта бил убеден од генералниот директор Феран Ревертер, но и од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да дозволи заминување на Аргентинецот.

Љопис во интервју за „Кадена СЕР“ радиото тврди дека Лапорта не е човекот кој ги контролира работите на „Ноу Камп“, туку тоа е Ревертер.

„Новиот генерален директор е лидерот. Работите мора да поминат преку него. Ревертер му се закани на Лапорта дека ќе даде оставка. Лапорта беше под притисок, а потоа дојде Флорентино Перез и го убеди. Тие го убедија да го пушти Меси да си оди за Барселона да не го потпише договорот со ЦВЦ. Меси самиот кажа дека ја намалил платата за 50 осто и дека не побарале ништо друго од него“, вели Љопис.

Договорот со ЦВЦ е партнерството на Ла лига со американската компанија, со која шпанските клубови треба да добијат финансиска инјекција, а ЦВЦ ќе добие дел од комерцијалните права. Барселона и Реал Мадрид се противат на овој договор, бидејќи со него се намалуваат шансите за успешно организирање на Европската Суперлига.

„Ревертер има долгогодишно пријателство со Перез и двајцата го убедија Лапорта да направи целосен пресврт и да одбие да продолжи со преговорите“, додава Љопис.

Share
Scroll to Top