Палермо станува нов дел од фудбалската империја на Манчестер сити

Палермо станува нов дел од фудбалската империја на Манчестер сити

пред 2 години

Претседателот на Палермо, Дарио Мири е подготвен да продаде 80 отсто од своите акции во клубот на „Сити фубал групацијата“, богатите газди од Абу Даби, кои се газди на Манчестер сити и уште девет други клуба, тврди „Ла газета дело спорт“.

Според италијанскиот весник, газдите на Сити ќе платат околу 6 милиони евра за Палермо, додека Мири ќе заддржи дел од акциите и ќе има претставничка улога во клубот. Палермо по исфрлањето од Серија Б поради банкротот „воскресна“ и сега се подготвуваат за плејоф за влез во втората италијанска лига.

Покрај Манчестер сити, „Сити фудбал групацијата“ е сопственик и на австралискиот Мелбурн сити, МЛС тимот, Њујорк сити ФЦ, уругвајскиот Монтевидео сити Торк, францускиот Троа, белгискиот Ломел, индискиот Мумбаи сити, кинескиот Сичуан Џиуниу и јапонскиот Јокохама Маринос.

Share
Scroll to Top