Францускиот спортски весник „Л’Екип“ тврди дека газдата на лидерот во францускиот шампионат, Лил и поранешен газда на Ф1 тим, Жерард Лопез сака да го откупи тимот на Џенова од Енрико Прециози.
Популарните „Рособлу“, инаку најстариот фудбалски клуб во Италија, се формално на продажба повеќе години, а сега конечно имаат заинтересирана страна во луксембуршкиот бизнисмен.
49-годишниот Лопез е поранешен кошаркар, а од 2009 до 2015 година беше газда на тимот на Лотус (потоа Рено, а сега под име Алпине), каде што останува и акционер.