Пандев до Ангеловски: Поради тебе, шефе, бевме како браќа во репрезентацијата

Пандев до Ангеловски: Поради тебе, шефе, бевме како браќа во репрезентацијата

пред 4 години

Горан Пандев заврши со репрезентативната кариера по историскиот настап на ЕУРО 2020 на Македонија, каде што најверојатно завршува и работата на селекторот Игор Ангеловски. Капитенот реши да му се заблагодари на човекот кој го врати во репрезентацијата и со кого стигнаа до најголемиот успех во историјата.

„20.10.2015, првпат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Share
Scroll to Top