Пантиро вкупен победник во Светскиот куп

Пантиро вкупен победник во Светскиот куп

пред 3 години

Алекси Пантиро од Франција е победникот во Светскиот куп за оваа сезона. Пантиро, во саботата, победи на трката во велеслалом во Ленцерхајд и покрај вкупната победа во Светскиот куп, го освои и малиот кристален глобус во оваа дисциплина. За ваквата разврска на сезоната „заслуги“ има и Швајцарецот, Марк Одемарт, кој велеслаломот го заврши на 11. место.

Пантиро во Ленцердхајд ја забележа 34. победа во кариерата. По двете трки тој забележа време ос 2:15.75 минути. Второто место го освои Филип Зубчиќ од Хрватска (2:15.95), а подиумот го комплетираше уште еден французин Матје Февр (2:15.96).

Сезоната во Светскиот куп ќе заврши утре со трката во слалом.

Share
Scroll to Top