Папу Гомез бара трансфер во Милан или Интер

Папу Гомез бара трансфер во Милан или Интер

пред 3 години

Капитенот на Аталанта, Алехандро Папу Гомез повторно нема да биде во составот на Џанпјеро Гасперини, и веќе побарал клубот да му овозможи трансфер во јануари во Милан или Интер, јавува порталот „Гол“.

32-годишниот Аргентинец не играше против Рома во неделата, а нема да биде и ниту во тимот кој ќе игра против Болоња во средата, и изгледа дека нарушените односи во клубот не можат да се поправат и тој бара трансфер во еден од миланските гиганти.

Откако неговиот тим губеше со 1:0 во првото полувреме против данскиот Митјиланд во меч од Лигата на шампионите на 1 декември, Гасперини побара Гомез да се помести од својата позиција на „десетка“ на десната страна, но Аргентинецот го одби тоа и беше повлечен од игра.

По ова, според италијанските медиуми се случила тепачка во соблекувалната, иако самиот Гомез на Инстаграм напиша дека својата верзија на нстаните ќе ја каже кога ќе замине од клубот. Гомез беше клучен играч на Аталанта по трансферот од Металист Харкив од Украина во 2014 и двапати беше најдобар асистент во Серија А.

Share
Scroll to Top