Пеле повторно е во болница

Пеле повторно е во болница

пред 2 години

Еден од најдобрите светски фудбалери – Едсон Арантес до Насименто (81) попознат како Пеле повторно е во болница во Сао Паоло.

Тројниот светски шампион е хоспитализиран поради лекување на туморот на дебелото црево, соопштија денеска од болницата. Оттаму додаваат дека е во стабилна состојба и дека би требало во следните неколку дена да ја напушти болницата.

Пеле во средината на октомври беше опериран, му беше отстранет тумор од дебелото црево, а потоа одеше на хемотерапија. Минатиот месец тој на Твитер рече дека е добро и дека добро се чувствува.

Бразилецот е единствениот фудбалер кој освоил три СП (1958., 1962., 1970.).

Во кариерата постигнал над 1.000 голови пред да се повлече во 1977 година.

Share
Scroll to Top