Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, е преместен на палијативна нега, каде што ќе се обидат да му ги намалат болките и да му го олеснат дишењето, јавува бразилскиот медиум „Фолја де Сао Пауло“. Лекарите се одлучиле да ја прекинат хеомотерапијата, затоа што телото на Пеле не реагира на оваа медицинска нега.
Палијативната нега се применува кај пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести. Најчесто се користи кај болните од карцином кој е во напреден стадиум.
Пеле во средата беше примен во болница, а информациите велеа дека се работи за рутински медицински третман.
На Пеле минатата година му беше отстранет тумор на дебелото црево, но подоцна е утврдено дека има метастази и на други делови од организмот.