Пелистер во последните секунди извлече реми против ПСЖ

Пелистер во последните секунди извлече реми против ПСЖ

пред 2 часа

foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа нерешено со ПСЖ 34:34 (15:18) во претпоследното коло, во Лигата на шампионите. Дејан Манасков во последните секунди реализираше напад и го постави конечниот резултат.

ПСЖ, издоминира во првиот дел, два пати имаа „светците“ предност од четири гола, на полувреме заминаа со плус три.

Играчите на Пелистер немаа намера да се предадат, изедначија во 42-та минута, а набргу потоа повредоа со 27:26. Има домашните играчи 29:27 во 51-та минита, но ПСЖ одговори експресно со серија 2:6, за водство 31:33.

Во последните 90 секунди, ПСЖ влезе со предност од два гола, но најпрвин Хосни намали, а откако „светците“ не го реалзиираа својот напад, Манасков ги постави конечните 34:34.

Капитенот Кузмановски со 10 гола го предводеше Пелистер, Манасков постигна пет.

Сезоната во Лигата на шампионите Еурофарм Пелистер ќе ја заокружи наредната недела со гостувањето во Барселона.

Share
Scroll to Top