Пенал хет-трикот на Солер не е рекорден во Ла Лига

Пенал хет-трикот на Солер не е рекорден во Ла Лига

пред 3 години

Прв пат во историјата на Ла Лига, синоќа на „Местаља“ беа досудени три пенали против Реал Мадрид. Сигурен реализатор на пеналите беше Карлос Солер.

Во историјата на шпанскиот фудбал девет пати биле досудени три или повеќе пенали против еден тим. Покрај Солер,само уште двајца, реализирале три или повеќе пенали на еден натпревар.

Првиот е легендата на Реал, Алфредо Ди Стефано. Во 1958 година тој три пати погодил од белата точка против Селта.

Вториот е Ален Петернац, кој сега е асистент-тренер во стручниот штаб на Динамо Загреб. Петернац, во 1996 година, постигнал четири гола од 11 метри, а Ваљадолид го победил Овиедо со 8:3.

Судијата Хесус Хил Манзано, кој ја делеше правдата синоќа на „Местаља“, во кариерата 32 пати му судел на Реал и досудил 11 пенали за „кралскиот клуб“.

Share
Scroll to Top