Откако одржа скандалозна прес-конференција пред два дена, каде што објави нови претседателски избори и ги критикуваше медиумите и Барселона, Флорентино Перез синоќа даде ново интервју за „Ел Чирингито“.
Во него, претседателот на Реал Мадрид зборува за Чаби Алонсо, Жозе Мурињо, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и претстојните трансфери.
Еве ги најважните моменти од интервјуто за кое станува збор:
За двете последователни сезони на Реал Мадрид без трофеј, Перез рече:
„Стигнавме до точка на девалвација на она што го имаме. Минатата година го освоивме Европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство. Дали тоа веќе нема никаква вредност? Да не ги туркаме работите до некаков апсурд. Ова е оркестрирана кампања. Јас не сум сопственик на Реал Мадрид, нашите членови се сопственици. Соочен со вакви напади, решив да распишам избори. Морав да го направам тоа во оваа ситуација на постојана нестабилност.“
Зошто му се допаѓа Мурињо, кој се споменува како нов тренер?
„Ги сакам сите тренери. Мурињо беше со нас и нè направи поконкурентни. После него освоивме шест Лиги на шампиони за десет години.“
Дали има тензии во соблекувалната?
„Не. Момците се согласуваат навистина добро. Кавгите на тренинзите се нешто што се случува постојано. Можете да го кажете тоа за секој клуб. Но, она што не се случува во другите клубови е тоа што нема толку негативна оркестрирана кампања против нив.“
Дали погреши што го донесе Чаби Алонсо?
„Не. Беше прашање на околности. Сè дојде од Светското клупско првенство, поради што не направивме предсезонски тренинг. Кога не правите таков тренинг, физички откажувате. Мислевме дека со промена на тренерот можеме да го решиме проблемот, но ефектот траеше премногу кратко, а потоа колапсот продолжи.“
Дали Мбапе е доволно посветен на клубот?
„Мбапе е најдобриот играч што го има Мадрид во моментов. Тој ја освои Златната копачка, не е како да не постигнува голови. Нешто друго мора да се промени.“
Ќе има ли нови играчи?
„Секако! Секогаш имало. Секогаш сме ги привлекувале најдобрите. Ги доведов Фиго, Зидан, Роналдо, Бекам…“
Дали е можен трансферот на Ерлинг Халанд?
„Не размислувам за тоа. Тоа е работа на спортскиот менаџмент. Јас не го правам тоа.“
Дали ви се допаѓа Ламин Јамал?
„Секако дека ми се допаѓа. Можеме ли да го потпишеме? (се семее). Врската со Барса е целосно прекината.“
Дали Винисиус ќе го продолжи договорот со Реал?
„А што ако не го обновам мојот? Мислам дека Винисиус е еден од најдобрите играчи што ги има Реал Мадрид. Тој ги освои последните две титули во Лигата на шампионите. Нема потреба да брзаме, имаме цела сезона за преговори. Дали мислите дека јас сум одговорен за сè? Спортскиот менаџмент треба да се погрижи за тоа.“
Foto/ Depositphotos






