Перез останува партнер на Ферстапен и во 2022

Перез останува партнер на Ферстапен и во 2022

пред 3 години

Ред бул рејсинг потврдија дека мексиканскиот ветеран Серхио Перез ќе остане колега на Макс Ферстапен и следната сезона, откако шефот на тимот Кристијан Хорнер изјави дека тимот е импресиониран од неговото искуство и квалитети.

Перез пристигна во Ред бул оваа сезона од Рејсинг поинт (сега Астон Мартин) и победи на Азербејџанското ГП оваа сезона откако на Макс Ферстапен му пукна гума во финишот на трката. Тој, сепак, ретко имаше исти перформанси како Ферстапен оваа сезона.

„Пресреќен сум што продолжувам со голем тим како Ред бул во новата ера на Формула 1, што е огромна шанса за мене“, вели Перез.

Следната сезона во Формула 1 стапуваат на сила најголемите промени на правилата во последната деценија, со целосно нова верзија на болид.

Share
Scroll to Top