Петр Чех утре се враќа на фудбалските терени?

Петр Чех утре се враќа на фудбалските терени?

пред 4 години

Легендарниот голман на Челси, Петр Чех утре ќе го направи сензационалното враќање на фудбалските терени 18 месеци по пензионирањето, откако ќе стартува за развојниот тим на Челси против Тотенхем во Премиер лига 2, јавува „Атлетик“.

Чех, кој е технички директор за развој во клубот, својот последен меч го одигра во финалето на Лига Европа во мај 2019 (за Арсенал), но се врати на постојани тренинзи оваа година, откако Френк Лампард го регистрираше како четврти голман во Премиер лигата во октомври.

Причината за камбекот на Чех е едноставна – Лукас Бергстром, редовниот голман на развојниот тим, играше за У-18 тимот во сабота и ќе добие одмор. Хрватскиот голман Карло Жигер би требало да биде следен избор, но тој е дел од „меурот“ со првиот тим како резерва и би требало да се помине процесот на тестирање на КОВИД-19 за да се врати во развојниот тим.

Share
Scroll to Top