Пет скијачки на подиумот во Кортина, победи Фенир

Пет скијачки на подиумот во Кортина, победи Фенир

пред 11 месеци

Австриската скијачка Стефани Фенир триумфираше во четвртиот спуст сезонава, кој во рамките на Светскиот куп се одржа во Кортина д’Ампецо, Италија.

Фенир стигна до првата победа по точно четири години, откако единствената претходна ја постигна на 27 јануари 2019 година во Гармиш-Партенкирхен.

Австријката имаше само еден пласман на подиумот оваа сезона, кога беше втора во Алтенмаркт-Каухенце пред две недели. Исто така, на австријките во спуст им го донесе првиот триумф по 34 трки.

Она што е интересно е што Фенир забележа релативно убедлива победа, а на подиумот и се придружија дури четири скијачки. Најблиску до неа беше Лара Гут-Бехрами, која заостануваше 39 стотинки, додека три девојки го поделија третото место бидејќи секоја од нив имаше заостанување од 71 стотинка: Канаѓанката Валери Грениер, Кристина Агер од Австрија и Италијанката Софија Гоџа.

Ова е втор пат во историјата на подиумото да се најдат пет натпреварувачи. Слична ситуација беше забележана во машкиот супервелеслалом во американскиот Бивер Крик, кога славеше Австриецот Макс Франц, пред Мауро Кавизел од Швајцарија, додека на третото место беа Аксел Лунд Свиндал, Доминик Парис и Александар Омот Килде.

Покрај тоа што на подиумот се најдоа пет скијачки, првиот натпреварувачки ден во Кортина го одбележа и тешкиот пад на Михаела Шифрин во раната фаза на патеката. Првите информации укажуваат дека таа го повредила левото колено, но дека лигаментите се во ред. Покрај неа надвор од патеката завршија Фришка Нуфер, Фредерика Брињоне и Мишел Гисин, а се повреди и Корин Зутер.

Натпреварувањето во Кортина д’Ампецо продолжува во сабота со нова трка во спуст, додека во недела ќе се вози трка во супет-џи.

Share
Scroll to Top