Пике игра во Барселона за само 4 долари!

Пике игра во Барселона за само 4 долари!

пред 3 години

Новиот капитен на Барселона, Жерар Пике прифати намалување на платата за да може да се регистрираат засилувањата на тимот пред почетокот на новата сезона во Ла Лига која синоќа за Каталонците започна со победа, на свој терен, со 4-2 против Реал Сосиедад.

Токму дефанзивецот Пике беше стрелец на првиот сезонски гол за Барса, по асистенцијата од „новајлијата“ Мемфис Депај.

„Овде сум роден, овде израснав, бев и навивач и играч. Бевме во контакт со капитенте, па и тие прифатија намалување на платата. Ова е семејство, сите сме заедно. Капитените имаат намера да се прилагодат на она што клубот го бара. Тоа е одлуката која ја донесовме, горди сме на тоа“ изјави Пике.

Синоќешниот меч беше прв за Барса без Меси во екипата, по цели 21 година.

„Знаевме дека луѓето вака ќе реагираат. Меси е најважниот играч во историјата на фудбалот, но се се случува и мора да се продолжи понатаму. Ќе бидеме конкурентни, ќе го немаме талентот на Лео, но соединети сме, имаме цел и ќе направиме се да ја оствариме“ изјави тој.

Низ смеа Пике вели дека сега игра за само 4 долари во Барселона, но потврди и дека 100% дека на „Ноу Камп“ ќе биде до крајот на кариерата.

Share
Scroll to Top