Пике: Мурињо ги уништи односите меѓу фудбалерите на Реал и Барса

Пике: Мурињо ги уништи односите меѓу фудбалерите на Реал и Барса

пред 3 години

Жерар Пике вели дека престојот на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид придонесол за значително неединство меѓу шпанските репрезентативци на Реал и на Барселона.

По освојувањето на тројната титула со Интер, Португалецот седна на клупата на Реал во 2010 година, поминувајќи три сезони во клубот, освојувајќи една титула од Ла лига и една од Копа дел Реј. Периодот беше одбележан со конфликти со Пеп Гвардиола, кој тогаш беше на клупата на Барселона.

„Се сеќавам кога првпат дојде на ‘Ноу Камп’ со Реал Мадрид, откако ја освои тројната титула со Интер, и го вративме во реалноста со 5:0 победа. На прес-конференциите само провоцираше и тоа беше премногу за Гвардиола. Немаше врска со фудбалот. Успеа да ги уништи односите меѓу фудбалерите. Ќе отидеше кај фудбалер и кажеше: ‘Тој е те мрази’ и тие ќе му поверуваа. Бев во  репрезентацијата и сакав да се поздравам со Икер Касилјас, тој не сакаше да и зборува. Моравме да имаме состаноци меѓу фудбалерите на Барселона и Мадрид за да ги нормализираме односите, да имаме обединета соблекувална“, вели Пике.

Share
Scroll to Top