Пике ќе се кандидара за претседател на Барселона

Пике ќе се кандидара за претседател на Барселона

пред 3 години

Фудбалерот на Барселона, Џерар Пике, решил да се кандидира за претседателските избори во клубот, објави „Мундо Депортиво“.

Пике, последниот натпревар за Барса го одигра на 21.ноември, против Атлетико Мадрид. Искусниот фудбалер го повреди коленото, одби да биде опериран, па лекарите со терапија се обидуваат да го вратат во тренажен процес.

Пике смета дека клубот е добро покриен на неговата позиција. Негова замена е младиот Роналд Араухо, а клубот има во план, во зимскиот преоден рок да го врати Ерик Гарсија од Манчестер сити.

Дури и да ја продолжи кариерата Пике планира да се кандидира на изборите кои треба да се одржат на 24.јануари наредната година.

Тој веќе разговарал со луѓето од клубот околу измени на статутот, што би им овозможио и на активните играчи да се кандидираат на клупските избори. Пике од клубот побарал 65.000 ливчиња за собирањето на потписите за кандидатурата.

Share
Scroll to Top