Роналдо задоволен од условите во Саудиска Арабија, но и изненаден од различностите

Пикси го објави списокот на Србија за ЕУРО 2024

пред 4 месеци

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси го објави списокот од 26 играчи на кои смета за претстојното Европско првенство во Германија.

За разлика од Мундијалот во Катар, во тимот го нема Страхиња Ераковиќ од Зенит, на негово место влезе Урош Спајиќ од Црвена звезда, додека Немања Радоњиќ од Мајорка самиот се избриша од спискот, откако изјави дека нема да игра за Србија додека селектор е Пикси.

Нови имиња во репрезентацијата на Србија се Вељко Бирманчевиќ, Петар Ратков, Никола Стојиќ, Срѓан Мијаиловиќ, голманот Ѓорѓе Јовановиќ…

Србија подготвките ќе ги започне на 2 јуни. До почетокот на ЕП, Србија ќе одигра пријателски натпревари со против Австрија во Виена на 4 јуни и против Шведска на 8 јуни во Стокхолм.

Србија ќе игра на Европско првенство за прв пат по независноста, односно 24 години од ЕП во Белгија и Холандија, кога беше дел од СР Југославија.

Во Германија, Србија ќе игра во групата Ц со Англија (16 јуни, Гелзенкирхен 21 ч.), Словенија (20 јуни, Минхен 15 ч.) и Данска (25 јуни, Минхен 21 ч.).

Спиското на Србија:

Голмани: Вања Милинковиќ-Савиќ (Торино), Предраг Рајковиќ (Мајорка), Ѓорѓе Петровиќ (Челзи);

Одбрана: Страхиња Павловиќ (Салцбург), Никола Миленковиќ (Фиорентина), Милош Вељковиќ (Вердер), Срѓан Бабиќ (Спартак Москва), Урош Спајиќ (Црвена звезда), Немања Стојиќ (ТСЦ Бачка Паланка);

Среден ред: Саша Лукиќ (Фулам), Немања Гудељ (Севилја), Немања Максимовиќ (Хетафе), Иван Илиќ (Торино), Срѓан Мијаиловиќ (Црвена Звезда), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Ал Хилал), Душан Тадиќ (Фенербахче), Лазар Самарџиќ (Удинезе), Вељко Бирманчевиќ (Спарта Прага), Филип Костиќ (Јувентус), Филип Младеновиќ (Панатинаикос), Андрија Живковиќ (ПАОК), Мијат Гаќиновиќ (АЕК);

Напад: Александар Митровиќ (Ал Хилал), Душан Влаховиќ (Јувентус), Лука Јовиќ (Милан), Петар Ратков (Салцбург).

Share
Scroll to Top