Пикси подготвил тужба против првиот човек на Црвена звезда

Пикси подготвил тужба против првиот човек на Црвена звезда

пред 2 години

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси подготвил тужба против првиот човек на Црвена звезда, Звездан Терзиќ.

Црвена звезда, со две соопштенија, се огласи во неделата, по натпреварот во Суботица помеѓу Спартак и Партизан. За голем дел од српската јавност, пеналот што го добиле играчите на Партизан, во 85.миниута, по интервенцијата на ВАР собата, не требало да биде досуден.

Партизан на крајот победи со 1:0 и ја задржа предноста над Црвена звезда од два бода, во борбата за титулата.
Во првото соопштение, Звездан Терзиќ, го обвинил Пикси, дека тој ја зграпчил власта во Фудбалскиот сојуз на Србија и дека по негов диктат се мести Партизан да биде шампион.

„Мачно ми е да најадам зборови за да опишам колку бев шокиран кога ги прочитав обвинувањата, невистините и лагите. Ова е е прв пат Терзиќ да ме напаѓа со вакви зборови. Во минатото решив да го игнорирам, фокусиран бев само на квалификациите за Светското првенство. Пласманот на Миундијалот го препознав како национален, а не личен интерес. Сега Терзиќ ја премина црвената линија, ме стави во позицијата во која немам друг избор, честа ќе си ја бранам на суд. Ангажаирав адвокати кои подготвуваат приватна тужба против Звездан Терзиќ“, рекол српскиот селектор и легенда на Црвена звезда.

Share
Scroll to Top