Пиоли пред гостувањето кај Инзаги: 2020 веќе не значи ништо

Пиоли пред гостувањето кај Инзаги: 2020 веќе не значи ништо

пред 4 години

Стефано Пиоли вели дека Милан ќе мора да продолжи на „бранот на ентузијазмот“, но да сфатат дека тоа што го направија во 2020 веќе не е важно, пред утрешното гостување кај Беневенто, предводен од поранешната легенда на „росонерите“ Пипо Инзаги.

„Играме против Беневенто, тим кој игра одличен фудбал, добива важни мечеви и има фантастичен тренер. Затоа мораме да играме во стилот на Милан. Пред една година почнавме да го градиме тимот, темелите сега се тука, и мора да се додаде мотивацијата и желбата да станеме подобри. Да, 2020 беше позитивна за нас, и ја почнуваме новата година со ентузијазам, но годината е зад нас“, вели Пиоли.

Френк Кеси се враќа од суспензијата, Симон Кјер се врати на тренинзи, но листата на повредени на „росонерите“ останува долга.

Share
Scroll to Top