Пиоли се извини за реакцијата – нема да се повтори и не беше насочена кон Солскјер

Пиоли се извини за реакцијата – нема да се повтори и не беше насочена кон Солскјер

пред 3 години

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се извини за својата реакција по вчерашниот пораз од Манчестер јунајтед и објасни дека не бил лут на Оле Гунар Солскјер, туку на неговиот помошник Киеран Меккена.

Пиоли по 0:1 поразот, прво се ракуваше со Солскјер, по што имаше близок контакт со Меккена и го пцуеше, велејќи му дека „тимот на неговата сестра е добар“. Според „АНСА“, Пиоли се лутел на Меккена поради тоа што тој неколку пати ја заддржувал топката при изведувањето аути, но тренерот сега се извини.

„Жалам за реакцијата и ветувам дека нема да се повтори. Му честитав на Солскјер, бев лут на неговиот асистент“, изјави Пиоли.

Пиоли се налути на Јунајтед: Сестра ти има добар тим!

Share
Scroll to Top