Добрите пријатели Андреа Пирло и Џенаро Гатузо ќе се сретнат по вторпат како тренери овој викенд, овојпат во Серија А во меч кој може да ја реши иднината на популарниот Рино.
Кога Пирло стана тренер на Јувентус минатото лето, популарниот Рино изјави дека сега „настрадал“, во двосмислена изјава – прво дека доби голема работа без тренерско искуство, но и дека може да ја загуби исто толку бргу колку што ја добил.
Сега, тренерот на Наполи се наоѓа под притисок, по шпекулациите дека газдата на „јужњачкиот“ италијански клуб, Аурелио ди Лаурентис чека само пораз од Јувентус за да му врачи отказ и да го донесе Рафа Бенитез назад на клупата.
Секако, пред мечот, Пирло беше запрашан за тоа и даде интересен одговор.
„Гатузо има проблеми? Тоа е дел од нашата работа, секогаш постои можност да добиеш отказ. Но, искрено, и јас имам доволно мои проблеми“, вели Пирло.
Гатузо: Му дадов повеќе „заушки“ на Пирло од неговиот татко!