Пирло: Мора вечерва против Интер нешто да промениме!

Пирло: Мора вечерва против Интер нешто да промениме!

пред 3 години

Во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија, вечерва од 20.45 на „Џузепе Меаца“ се состануваат Интер и Јувентус. Тренерот на гостите, Андреа Пирло најавува кадровски промени.

„Сакам да видам тим кој е свесен за својата сила. Првиот меч нема да е одлучувачки. Мора добро да ги распоредиме силите, нешто мора да промениме. Џанлуиџи Буфон ќе биде меѓу стативите, Арон Ремзи нема да игра поради повреда на мускулот. Оваа група играчи има амбиција константно да победува, а тоа е клучно кога се игра за голем клуб“ вели Пирло.

На 17 јануари Интер и Јуве играа меч од Серија А, а „нероазурите“ славеа со 2-0.

„Научивме од тој пораз дека постојано мора да сме фокусирани. Кога не сме концентрирани, тогаш не сме Јувентус. Добро го познавам Интер, го знам и нивниот тренер. Добро се бранат и опасни се во контранападите“ рече тренерот на „Бјанконерите“.

Јувентус е најуспешниот тим во историјата на Копа Италија со 13 трофеи. Интер има освоено 7.

Share
Scroll to Top