Пирло се уште верува во Скудетото

Пирло се уште верува во Скудетото

пред 3 години

Иако има уште многу до крајот на сезоната во Серија А – дури 14 кола, Јувентус има сериозно заостанување. Дури 10 бода помалку од водечкиот Интер со меч помалку, дербито на својот стадион со Наполи.

„Старата дама“ мора да почне да ги добива „малите“ натпревари и да не ги расфрла бодовите што беше случај во саботата (1-1 со Верона).

Тренерот на Јуве, Андреа Пирло сепак смета дека неговиот клуб може и по десетти пат во низа да стигне до Скудетото.

„Не гледаме кој е пред нас, а кој одзади. Фкусирани сме само на себе. Нашата цел е иста, да се бориме до самиот крај. Изгубивме неочекувано некои бодови, но гледаме напред. Знам дека момците веруваат дека можат до титулата, тренираат напорно. Поради тоа и јас верувам“ – порача Пирло.

Вечерва на „Алијанц стадионот“ во Торино гостува Специја која неодамна го зема „скалпот“ на Милан.

„Ќе биде тоа важен меч за нас, мора да продолжиме да се бориме за Скудетото. Потребно е да нападнеме од почетокот, да извлечеме поука од претходните мечеви“ рече Пирло.

Share
Scroll to Top