Пирло: Тие кои правеа забава нема да играат во дербито

Пирло: Тие кои правеа забава нема да играат во дербито

пред 3 години

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло потврди дека тројцата фудбалери кои присуствувале на забавата во домот на Вестон Меккени не се повикани за дербито со Торино овој викенд.

Претходно, „бјанконерите“ ги демантираа шпекулациите дека освен Меккени, Пауло Дибала и Артур Мело, на забавата на Американецот присуствувале и други фудбалери. Полицијата ја растури „собиранката“ во средата, бидејќи во Италија е забрането да се прават приватни забави, а покрај тоа има полициски час во цела земја од 22 часот до 5 часот наутро.

„Тројцата фудбалери кои беа вклучени не се повикани за утрешниот меч. Ќе продолжат со работа, а потоа ќе видиме што ќе правиме. Јас ја направив одлуката, другото е до клубот. Вакви работи се случуваат, но сега не е време за тоа поради сите случки во светот. Не е вистинско време за забави и ние мора да поставуваме пример“, вели Пирло, кој инаку додека беше фудбалер беше познат по својот бурен ноќен живот.

Полицијата прекинала забава на Дибала и пријателите

Share
Scroll to Top