„Пирло ќе остане во Јувентус ако се пласира во ЛШ“

„Пирло ќе остане во Јувентус ако се пласира во ЛШ“

пред 3 години

Андреа Пирло ќе остане тренер на Јувентус доколку избори пласман во Лигата на шампионите, им изјавил на новинарите спортскиот директор, Фабио Паратичи.

Ова е прв пат некој од челниците на Јувентус, во јавноста да ја коментира иднината на тренерот.

„Ние не размислуваме за опацијата дека нема да се пласираме во ЛШ. Фукусирани сме да го направиме она што е потребно да избориме пласман во ЛШ. Дали Пирло ќе остане доколку клубот се пласира во ЛШ? Да, тоа е сигурно“, рекол Паратичи.

Спортскиот директор на Јувентус го коментирал и пропаѓањето на Суперлигата.

„Имавме искрени намери во тој проект, нашите раце се чисти. Многу лаги се кажани за Суперлигата, почнувајќи од тоа дека тоа ќе биде затворено натпреварување, па се до лагата дека клубовите ќе ги напуштат националните првенства. Секој ден се гледам со претседателот Ањели, знам колку работи, како ја планира иднината и колку е посветен на тоа Јувентус да игра добра фудбал“, заклучил Паратичи.

Share
Scroll to Top