Планинскиот лав Роки ги тужи Денвер Нагетс

Планинскиот лав Роки ги тужи Денвер Нагетс

пред 14 часа

Маскотата на Денвер Нагетс, популарниот „Роки“, ја тужи франшизата од Колорадо.

Човекот во костимот на Роки е Дрејк Соломон, тој тврди дека бил отпуштен откако зел одмор за да се опорави од операција на колкот.

Со ова биле прекршиле законите за инвалидитет и тој побарал неодредена финансиска отштета од Кренке Спортс (сопственици на Денвер Нагетс).

Дрејк Соломон стана Роки во 2021 година, кога го наследи својот покоен татко, кој го носеше костумот на Роки повеќе од триесет години.

Во текот на сезоната 2022/23, му беше дијагностицирана аваскуларна некроза, болест која предизвикува смрт на коскеното ткиво поради оштетување на крвните садови и намалена циркулација.

По операцијата, тој се врати на работа по 10 дена, иако се ушѕе имал болки во колкот.

Во сезоната 2023/24, лекарите утврдиле дека му е потребен вештачки колк. Кога им кажал на претпоставените, тие му рекле дека ќе објават оглас за неговата позиција поради неговите здравствени проблеми и „недостаток на доверба“ во неговото здравје.

По брза рехабилитација, се вратил на работа, но не бил пријателски пречекан.

Набргу, по аудициите и интервјуата за работа, во август 2024 година, Соломон бил отпуштен, со што бил прекршен Законот за антидискриминација на Колорадо.

Неговиот адвокат, Сидарта Ратод, го спореди случајот со отпуштање на вработен кој оди на породилно отсуство.

Покрај настапувањето на натпревари, Соломон учествувал во добротворни настани, возења со играчки и програми за младинска кошарка.

Ја започнал својата кариера со Нагетсите во 2012 година како изведувач на акробатско забивање и член на тимот за промоција, а кога неговиот татко се пензионирал во 2021 година, тој бил единствениот поканет на затворена аудиција за да ја добие работата.

Share
Scroll to Top