Планот на Ањели – Сон ќе биде наследникот на Роналдо

Планот на Ањели – Сон ќе биде наследникот на Роналдо

пред 3 години

Јувентус, во петниот преоден рок, повторно ќе се обиде да го ангажира Хјонг-мин Сон. Кореецот, игра уште една одлична сезона и заедно со Хари Кејн е клучниот играч на Тотенхем. Сон, досега во сезоната има учинок од 17 голови и 12 асистенции.

Италијанските медиуми пишуваат дека во клубот одлучиле Сон да биде наследникот на Кристијано Роналдо, чии договор истекува во јуни 2022 година.

За да соберат пари за трансферот на Сон, во Јувентус направиле план кои играчи ќе треба да го напуштат клубот. Тоа се Федерико Бернардески, Арон Рамзи и Даглас Коста.

Share
Scroll to Top