Победата на Македонците во Дуизбург најголемо изненадување во квалификациите

Победата на Македонците во Дуизбург најголемо изненадување во квалификациите

пред 3 години

Победата на Македонија над Германија (2:1), во Дуизбург е најголемото изненадување во досегашниот тек од европските квалификации за пласман, на Светското првенство во Катар, објави „Gracenote Live“, агенција која се занимава со фудбалска статистика.

На 31.март, Македонија со головите на Пандев и Елмас, го шокира фудбалскиот свет.

Пред мечот, шансите за победа на Македонија биле само седум отсто.

Следуваат минималните победи од 1:0, на Луксембург над Република Ирска (11 отсто), Шкотска против Австрија во Виена (17 отсто) и на Косово во Грузија (23 отсто).

Share
Scroll to Top