Победа ги дели Милвоки од пласман во финалето

Победа ги дели Милвоки од пласман во финалето

пред 3 години

Милвоки Бакс уште една победа ги дели од пласман во големото финале во НБА лигата. Бакс поведоа со 3-2, во серијата против Атланта Хокс. Петтиот меч Милвоки го добија со 123:112.

Бакс и без Јанис Адетокумбо, успеаја да забележат убедлив триумф. До победата ги предводеше Брук Лопез, кој го одигра најдобриот меч во кариерата (33 поени, седум скока). Уште тројца играчи на Бакс постигнаа двоцифрен број на поени.

Атланта играа без Тре Јанг, кој се повреди во четвртиот меч. Најефикасен во негово отсуство беше Богдан Богдановиќ со 28 поени, пет скока и четири асистенции.



Share
Scroll to Top