Победи на маратон во Виена, ама го дисквалификуваа поради ѓонот на патиките

Победи на маратон во Виена, ама го дисквалификуваа поради ѓонот на патиките

пред 3 години

Атлетскиот маратон во главниот град на Австрија денеска го трчаа 26.000 учесници, по една година пауза поради пандемијата на коронавирусот. Прв на целта стигна Дерара Хуриса од Етиопија со време 2:09:22.

Сепак, по одлука на организаторот тој е дисквалификуван и победата му припаднала на Кениецот, Леонард Лангату.

Хуриса е дисквалификуван затоа што трчал со патики кои не одговараат на правилникот. Дозволен бил настап со патики со ѓон од 40 милиметри, а оние кои ги носел атлетичарот од Етиппија биле со ѓон од 50 милиметри.

Инаку во други пригоди, овој маратон во Виена го трчале и над 40.000 атлетичари, но поради строгите ковид-протоколи оваа година бројот бил намален.

Share
Scroll to Top