Повреда на Бензема, замената Жиру со два гола за победа над Бугарија

Повреда на Бензема, замената Жиру со два гола за победа над Бугарија

пред 3 години

Француската фудбалска репрезентација, конечно, заигра пред својата верна публика на „Стад де Франс“ во последниот тест пред ЕУРО 2020, и иако стигнаа до 3:0 победа над Бугарија, многу повеќе загрижува повредата на повратникот во репрезентацијата Карим Бензема.

Антоан Гризман ги донесе „триколорите“ во водство во 29. минута, но во 41. минута, самиот Бензема, во својот втор меч по петгодишната пауза од репрезентацијата побара да биде заменет. Ова претставува голема главоболка за селекторот Дидие Дешам на неколку дена пред стартот на шампионатот.

Оливие Жиру, кој го замени Бензема во првото полувреме, во 83. минута зголеми на 2:0, пред во 90. минута да ја покаже одличната форма со уште еден гол.

Share
Scroll to Top