Погба ќе остане на „Олд Трафорд“

Погба ќе остане на „Олд Трафорд“

пред 3 години

Пол Погба ќе остане до крајот на сезоната во Манчестер јунајтед. Францускиот репрезентативец, веројатно по завршувањето на сезоната, ќе замине од „Олд Трафорд“ како слободен играч.

Челниците на Јунајтед се свесни дека, Погба, од 1.јануари може да преговара со други клубови. Сепак не размислуваат да го продадат, бидејќи се надеваат дека фудбалерот ќе го продолжи договорот.

Погба нема одиграно натпревар од почетокот на ноември, кога го повреди бутниот мускул.

Наводно за него се заинтересирани ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

„ЕСПН“, пишува дека во зимскиот преоден рок, Јунајтед ќе го напуштата голманот Дин Хендерсон, напаѓачот Џеси Лингард и Фил Џонс, кој во изминатите две сезони имаше многу проблеми со повредите.

Share
Scroll to Top