Познати се полу-финалните двојки во шпанскиот Суперкуп

Познати се полу-финалните двојки во шпанскиот Суперкуп

пред 3 години

Во Шпанија, попладнево, беа извлечени полу-финалните двојки во Суперкупот. Претходно беше познато дека во оваа фаза, нема да биде можна пресметката помеѓу Реал и Барселона. Покрај двата најголеми шпански клуба, во Суперкупот ќе играат и екипите на Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, кои допрва треба да го одиграат минатосезонското финале.

Правилата во Суперкупот се јасни, шампионот игра против поразениот во финалето на Купот, а освојувачот на Купот за противник го има вице-првакот.

Бидејќи финелето во Купот се уште не е одиграно, ждрепката во полу-финалето ги спои Реал и Атлетик Билабо, односно Барселона и Реал Сосиедад.

Првото полу-финале, во кое ќе се сретнат Барселона и Реал Сосиедад, ќе се одигра на 13. јануари во Кордоба, ден подоцна Реал и Атлетик ќе играат во Малага.

Финалниот меч е закажан за 17.јануари во Севилја.

Share
Scroll to Top