Познато е кога Компани се враќа на клупата на Баерн

Познато е кога Компани се враќа на клупата на Баерн

пред 5 часа

Венсан Компани, вечера, беше отпуштен од болница, откако се онесвести на тренингот на Баерн, а сега е откриено кога ќе се врарти на клупата на баварскиот гигант.

„Спорт Билд“, тврди дека белгискиот стручњак ќе се врати на клупата на 20 ноември, веднаш по репрезентативната пауза. На тој датум, германскиот шампион ќе се сретне со Келн во 10-то коло од Бундеслигата.

Челниците на шесткратните европски шампиони не сакаат да ризикуваат и му дадоа на легендарниот стопер неколку недели целосно да се опорави. Во негово отсуство, помошникот Арон Денкс ќе го предводи тимот против Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид и Мајнц.

„Тој повеќе не треба да биде во болница и ќе продолжи со лекувањето дома. Потребни му се одмор, лекови и рехабилитација. Станува збор за менингитис, кој го предизвика инцидентот минатиот петок“, рече спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

40-годишникот од Брисел пристигна во Минхен во 2024 година, по испаѓањето од Премиер лигата со Барнли. Со Баварците освои две Бундеслиги, два Суперкупа и еден Куп на Германија.

Пред „Класикер“, Баерн го дели првото место на табелата со „милионерите“. И двата тима се непоразени во првите седум кола од првенството, имаат по 17 бода.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top