Познато е кој ќе ја наследи десетката на Меси

Познато е кој ќе ја наследи десетката на Меси

пред 4 часа

По пензионирањето на Лионел Меси од репрезентацијата на Аргентина, едно од прашањата што се поставува е кој ќе ја носи десетката? Се чини, дека селекторот Лионел Скалони има одговор.

Лионел Меси објави дека неговата репрезентативна кариера е официјално завршена со поразот во финалето на Светското првенство оваа година.

„Дадов сè. Немам што повеќе да дадам“, рече Лионел Меси, кој две долги децении го носеше дресот на националниот тим.

Прашањето е кој ќе ја носи култната десетка, која пред Меси ја прославија, Марио Кемпес и Диего Армандо Марадона.

„Лионел Скалони останува селектор на Аргентина, како што се очекуваше. А дресот со број 10 ќе го носи Нико Паз. Таа одлука е веќе донесена по внатрешни дискусии кои беа сфатени исклучително сериозно“, објави „ESPN Аrgentina“, повикувајќи се на свои извори.

Паз има само 21 година и веќе има одиграно 11 натпревари за сениорската репрезентација на Аргентина. Се смета за еден од најталентираните млади играчи во Европа.

Нико е роден во Шпанија, а неговиот татко, Пауло Паз, играше за Аргентина на Светското првенство во 1998 година.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top