Покетино е уверен дека Мбапе уште долго ќе е во ПСЖ

Покетино е уверен дека Мбапе уште долго ќе е во ПСЖ

пред 3 години

Новиот тренер на француски ПСЖ, Аргентинецот Маурисио Покетино ја отфрла можноста Килијан Мбапе (22) да си замине од „Паркот на принцовите“ годинава иако шпанските медиуми наголемо пишуваат дека тој се сели во Реал Мадрид.

Мбапе уште година ипол има важечки договор со „Светците“, а шпанска „Марка“ вчера објави негова фотографија на насловната страна со објава дека „Кралевите“ чекаат само играчот да прифати, па да тргнат во преговори за негов трансфер на „Бернабеу“.

„Многу има гласини, но јас го гледам во ПСЖ уште долго време, а тоа е она што клубот го посакува. Секако, тој ќе ја донесе одлуката, но по она што можам да го видам, тој е многу среќен овде и потполно е посветен на спортскиот проект во клубот“ рече Покетино.

Share
Scroll to Top