Покетино има само една дилема пред мечот со Барселона

Покетино има само една дилема пред мечот со Барселона

пред 3 години

Утре, по пауза од два месеци, на фудбалските терени, се враќа Лигата на шампионите. Дерби на осмина-финалето е пресметката помеѓу Барселона и ПСЖ. Овие два тима последен пат играа во 2017 година, кога сега играчот на ПСЖ, Нејмар, го режираше неверојатниот пресврт на Барселона во реваншот. Таа година, Барса по 0:4 во Париз успеа да победи на „Ноу Камп“ со 6:1.

Нејмар, ќе го пропушти утрешниот натпревар поради повреда, а од иста причина ПСЖ ќе бидат и без Анхел Ди Марија.

Поради тоа, тренерот на ПСЖ, Маурицо Покетино, веќе го има составот кој ќе го започне дуелот на „Ноу Камп“. Аргентинецот има само една дилема, дали третиот напаѓач да биде Пабло Сарабија или Мојсе Кеан.

Кејлор Навас ќе биде на голот на ПСЖ, во одбраната ќе играат Маркињос и Кимпембе како централни дефанзивци, а по страните ќе бидат Лувин Курзава и Алесандро Флоренци.

Покрај Марко Верати во редот за врска ќе бидат Леандро Паредес и Идриса Геје.

Во нападот се сигурни Килијан Мбапе и Мауро Икарди.

Натпреварот на „Ноу Камп“ ќе започне во 21 часот.

Share
Scroll to Top