Полицискиот час го прекина мечот Ѓоковиќ-Хуркач

Полицискиот час го прекина мечот Ѓоковиќ-Хуркач

пред 1 година

Новак Ѓоковиќ и Хуберт Хуркач, утре ќе го продолжат својот осминафинален натпревар на Вимблдон. Поради полицискиот час во Лондон, мечот е прекинат. Според локалниот закон сите спортски активности се забранети по 23 часот по локално време.

Ѓоковиќ, кој ја брани титулата во Вимблдон, по првите два сета има предност од 2:0. Двата сета ги доби во тај-брејк, со што стана апослутен рекордер на Грен слем турнирите.

Двата сета вкупно траеја еден час и 49 минути.

Ѓоковиќ поведе со 1:0 откако спаси три сет топки во тај-брејкот. Хуберт Хуркач имаше предност 3:6, но Ѓоковиќ со пет врзани поени го заклучи сетот.

Во вториот, Ѓоковиќ пропушти пет брејк топки, три врзани во осмиот гем, па повторно мораше да ира тај-брејк. Српскиот тенисер ја пропупти првата сет топка, но не и втората за предност од 2:0.

Интересно двата тај-брејка, Ѓоковиќ ги доби со 8:6.

Share
Scroll to Top