Полицијата ги истражува заканите кон Алиоски и Пепе

пред 3 години

Езџјан Алиоски е тема на денот во англиската јавност. Македонскиот репрезентативец одигра речиси совршен натпревар за Лидс јунајтед против Арсенал и успеа да изнуди црвен картон за Никола Пепе. Денес неговиот клуб, откри дека Алиоски добивал заканувачки пораки на социјалните мрежи, поради што ја алармирале полицијата. Навредливи пораки добивал и фудбалерот на Арсенал, Пепе. „Клубт нема да толерира вакви закани кои на социјалните мрежи им се упатени на Алиоски и Пепе, по вчерашниот натпревар. Ќе работиме со полицијата и фудбалските власти за да ги идентификуваме и казниме виновниците“, соопшти клубот на Алиоски, Лидс јунајтед.

Share
Scroll to Top