Пол и Ејтон ги средија Милвоки Бакс – Финикс Санс водат во големото финале

Пол и Ејтон ги средија Милвоки Бакс – Финикс Санс водат во големото финале

пред 3 години

Финикс Санс забележаа победа над Милвоки Бакс 118:105 и поведоа во финалната серија со 1:0. Санс победија благодарение на Крис Пол и Динадре Ејтон, кои доминираа во најголемиот дел од натпреварот.

Финикс имаа предност од четири поени, на на полувремето водеа со осум поени разлика. Во првиот дел ниту едена од екипите немаше двоцифрена предност.

Клучната разлика Санс ја направија во третата четвртина, кога ја достигнаа највисоката предност од 16 поени.

Крис Пол забележа 32 поени и девет асистенции, Ејтон го следеше со 22 поени и 19 скокови. 27 поени, со лоша реализиција од поле постигна најдобриот играч на Финикс, Девин Букер.

На спротивната страна најефикасен беше Крис Мидтлтон со 27 поени, Јанис Адетокумбо забележа 20 поени и 17 скокови.

Втроито натпревар на програмата е во петок, во 3 часот наутро по македонско време.



Share
Scroll to Top