Францускиот репрезентативец Пол Погба се наоѓа пред трансфер во ПСЖ, тврди „Canal supporters“.
ПСЖ, во новата сезона, планираат сериозно да го нападнат трофејот во Лигата на шампионите, поради клупските челници се обидуваат да му состават силен тим на тренерот, Маурицио Покетино“.
Според овој извор, Погба ја прифатил понудата, според која ќе стане третот најплатен играч во тимот, по Нејмар и Килијан Мбапе, чија иднина на „Паркот на принцовите“ е неизвесна.
ПСЖ сега треба да се договорат со Манчестер јунајтед околу обесштетувањето. Се претпоставува дека Манчестер јунајтед ќе прифатат сума од околу 70 милиони евра.
Во преодниот рок, ПСЖ се засили со Серхио рамос, Џиџи Донарума, Жоржињо Вајналдум и Ашраф Хакими.