Поради Дембеле вклучени алармите во ПСЖ

Поради Дембеле вклучени алармите во ПСЖ

пред 4 часа

Пари Сен Жермен е во големи проблеми пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал, откако Усман Дембеле беше принуден да го напушти теренот, во последниот натпревар од Лига 1.

Актуелниот освојувач на „Златната топка“ се чини дека заработил повреда на листот на ногата во поразот од 2-1 против Париз во градската пресметка. Тој мораше да го напушти теренот по само 27 минути игра.

Времето на повредата не можеше да биде полошо за тимот на Луис Енрике, бидејќи финалето на Лигата на шампионите против Арсенал е закажано за сабота, 30 мај.

Дембеле е клучен играч на „светците“ оваа сезона, а неговото отсуство од финалниот натпревар би бил сериозен удар за тимот.

Луис Енрике изгледаше оптимистички по натпреварот.

„Добро е. Се надевам дека не е ништо сериозно“, рече стратегот на ПСЖ.

Додека клубот не го објави официјалниот медицински извештај, раководството на ПСЖ нема намера да крева паника.

Тие имаат 12 дена да го вратат својот 29-годишен напаѓач во натпреварувачка форма за финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта.

Дембеле постигна 19 гола и имаше 11 асистенции во 39 настапи во сите натпреварувања за ПСЖ оваа сезона.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top