„Поради трансферот на Лукаку ни се закануваат со смрт мене и на ќерка ми“

„Поради трансферот на Лукаку ни се закануваат со смрт мене и на ќерка ми“

пред 3 години

Ромелу Лукаку се врати во Челси по 7 години. Федерико Пасторело, менаџерот на познатиот напаѓач открива низ што се поминал за оваа работа да се заврши.

Синоќа испрати соопштение до медиумите и објасни дека тој и ќерка му добиле смртни закани поради тоа што Белгиецот ги напушти „Нероазурите“.

Пасторело рече дека тој е најзаслужниот што Лукаку во 2019 година дојде во Милано од редовите на Јунајтед, па беше најзаслужниот за титулата на Интер во Серија А по пауза од 10 години.

„Многумина од оние кои денес ме навредуваат и ми се закануваат, ми се заблагодаруваа што го доведов во Милано. Секогаш прифаќам конструктивна критика, но она што не може да се прифати се лажни наводи, инсинуации, навреди и закани кои ги доби моето семејство, мојата ќерка и јас, кои ги поминуваат границите на цивилизираност, пристојност и толеранција“ рече Пасторело.


Италијанецот вели дека Белгиецот не мислел само на парите.

„Економскиот аспект секако е дел од тоа, но не е главниот фактор кој ги одредува нашите избори. Што се однесува до Интер, можам да кажам дека извршниот директор Џузепе Марота, спортскиот директор Пјеро Аусилио и тренерот Симоне Инзаги направија се што можеа овој трансфер да не се случи. Сепак, постојат околности кои не се во нивниот делокруг и зависат од инструкциите на сопствениците на клубот“ истакна менаџерот на Лукаку.

Share
Scroll to Top